Лејди Гага одржа бесплатен концерт во Рио де Жанеиро

Американската пејачка Лејди Гага одржа бесплатен концерт на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро пред повеќе од два милиони луѓе, објавија денес медиумите.

Околу 500.000 туристи пристигнаа во градот за да присуствуваат на нејзиниот настап, кој беше платен од градските власти во обид да привлечат гости и да ја подобрат нестабилната економија, објави Скај њуз.

Синоќешниот двочасовен концерт на пејачката, најголемиот што некогаш го одржала, беше нејзин прв во Бразил од 2012 година, откако беше принудена да го откаже учеството на фестивалот „Рок ин Рио“ во 2017 година поради здравствени проблеми.

Scroll to Top