Лејди Гага се пофали дека сними песна за новиот „Топ ган“

Светската ѕвезда Лејди Гага преку Инстаграм се пофали дека ја снимила песната Hold My Hand, која ќе биде главна тема во „Топ ган: Маверик“. Таа објави црно-бела слика, на која е логото на филмот и борбен авион.

„Кога ја напишав оваа песна за ‘Топ ган: Маверик’, не ни сфатив колку слоеви се простираат преку срцето на филмот, мојата сопствена психа и природата на светот во кој живееме. Многу сум им благодарна на Том Круз и Ханс Зимер и на режисерот Џозеф Косински за оваа можност, беше прекрасно искуство да се работи со нив“, вели Гага.

Песната ќе биде промовирана на 3 мај, а светската премиера на филмот е закажана за 27 мај.

Во првиот дел на филмот, од 1986 година, главна песна беше Take My Breathe Away од „Берлин“, која се смета за една од најубавите балади на сите времиња. Тогаш партнерка на Том Круз му беше Кели МекГилис, а сега во филмот глуми Џенифер Конели.

Scroll to Top