Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо стана предмет на потсмев кај своите фанови поради неговата 23 години помлада девојка Камила Мороне.
„Известете ја полицијата ако го видите Лео да се шета околу средните училишта“, се пошегува еден твитераш на социјалните мрежи.
Некои од фановите ѝ забележаа на Камила дека излегува со актер што е постар од мајка ѝ. Други сметаат дека Аргентинката го користи Лео за да се пробие во актерската кариера.
Лео (44) почна да излегува со дваесет и едногодишната манекенка од Аргентина на крајот на минатата година. Двојката беше забележана како ужива на крајбрежјата на Италија.