Леонардо ди Каприо и Камила Мороне чекаат бебе, според светските таблоиди

Леонардо ди Каприо (46) ќе стане татко. Магазинот Newsbreak, повикувајќи се на Woman’s Day, пишува дека холивудскиот глумец чека бебе со својата девојка, познатата манекенка Камила Мороне.

Двајцата се во врска од 2018 година, а медиумите сега пишуваат дека на една од фотографиите од Камила може да се види трудничкиот стомак. Близок пријател на Леонардо објаснил дека глумецот е многу молчелив кога станува збор за неговиот приватен живот.

„Не очекувајте дека тој ќе ја објави среќната вест на социјалните мрежи“, изјавил тој и дополнил дека Леонардо има постигнати сè во животот, па сега природно е да се оствари во улогата на татко. За потсетување, врската со Камила е најдолгата што Леонардо ја имал досега.

 

 

Scroll to Top