Личниот асистент на Кевин Харт украл 1,2 милиони долари од актерот

Личниот асистент на американскиот актер Кевин Харт, Дилан Сајер, е обвинет за кражба од 1.2 милион долари. Тој парите ги зел од сметката на славниот комичар.

Сајер во средата се појавил пред Врховниот суд во Њујорк. Државниот обвинител го обвинил дека ја искористил кредитната картична на Харт и парите си ги префрлил на својата лична сметка. Тој парите ги трошел за луксузни часовници, накит, брендирана облека, одмор и слично.

Сајер проневерил повеќе од 1,2 милиони долари во периодот меѓу 12 октомври 2017 година и 25 февруари 2019 година. Проблемите за него почнале откако објавувал фотографии на „Инстаграм“ и почнал да се фали со купените луксузни работи.

 

Scroll to Top