Познатиот американски рапер Лил Вејн се скарал со член на неговото обезбедување, по што наводно пукал во него со автоматска пушка. Настанот се случил во домот на раперот, пренесуваат странскиот медиумТМЗ. Полицијата во моментов го истажува случајот.
Расправијата помеѓу нив двајца започнала откако Лил Вејн го обвинил телохранителот дека го фотографирал и ги продавал сликите на медиумите. По што дошло до физичка пресметка и на крај раперот го извадил оружјето.
Според изворот за медиумот, тоа се случило откако му рекол на телохранителот да ја напушти куќата по кратка вербална расправија, но тој сакал да оди во тоалет пред да замине.
Сепак, раперот ги демантираше овие наводи, тврдејќи дека не поседува ниту огнено оружје.
Друг неофицијален извор од полицијата, пак, за американските медиуми тврди дека неколку членови на обезбедувањето на раперот изјавиле дека Лил Вејн во рацете имал автоматска пушка АР-15, но дека не пукал директно во својот телохранител.