На почетокот на минатиот месец се роди Лилибет (Лили) Дијана, ќерката на принцот Хари (36) и неговата сопруга Меган Маркл (39). Таа неодамна беше додадена во списокот на наследници на официјалната веб-страница на британското кралско семејство, пренесуваат странските медиуми.
Причината за тоа беше изјавата на англискиот водител Крис Шип, кој јавно говореше за тоа додека беше гостин на поткастот Royal Rota.
„Морам да се запрашам зошто им требаше толку долго. Само треба да додадат нов пасус и да го променат бројот. Тоа го сторија претходно за Арчи “, рече Шип.
Два дена по изјавата, која го привлече вниманието на медиумите кон официјалната веб-страница на кралското семејство, Лилибет беше додадена на списокот.
За разлика од нејзиниот постар брат Арчи (2), кој влезе во списокот по 15 дена од раѓањето, Лилибет мораше да чека седум недели.
Лилибет се наоѓа на 8. место на листата, веднаш зад нејзиниот постар брат, татко, дедо ѝ – принцот Чарлс (72) и чичко ѝ – принцот Вилијам (39) и неговите деца.
Во случај Вилијам да добие повеќе деца или ако неговите деца станат родители, местата на Хари, Арчи и Лили ќе се симнат подолу на листата.