Лиза Мари Присли починала како последица на операцијата за слабеење

Лиза Мари Присли, единственото дете на легендата на рокенролот Елвис Присли, починала од интестинална опструкција предизвикана од операцијата за слабеење која пејачката ја направила пред неколку години, објавија Канцеларијата на медицинскиот центар на округот Лос Анџелес.

Локалните власти соопштија дека во моментот на нејзината смрт, спасувачки медицински екипи биле испратени во нејзиниот дом во Калабасас. Ја нашле почината од срцев удар. Лекарот известил дека починала од природна смрт и објасни дека срцевиот удар е предизвикан од опструкција на тенкото црево.

Тоа се случува кога тенкото црево е блокирано, понекогаш поради рак на дебелото црево, лекови или адхезии, ткиво со лузни, како што бил случајот со Лиза, кои се формирале по операцијата за слабеење.

Некои болести кои предизвикуваат воспаление на цревата може да доведат и до опструкција на тенкото црево. За потсетување, Лиза последен пат во јавноста беше видена на церемонијата на доделувањето на Златниот глобус.

 

 

Scroll to Top