Мадона го критикуваше Доналд Трамп: „Тој ја уништува слободата за која се боревме со години“

Мадона, која ја поддржуваше Камала Харис во претседателската кампања, сега јавно го критикуваше Доналд Трамп, кој сака да воведе забрана за трансродовите лица да служат во американската војска.

„Тажно е да се гледа дека нашата нова влада полека ја урива сета слобода за која се боревме и ја постигнавме низ годините“, напиша пејачката на Икс, додавајќи емотикон со срце и ЛГБТК знаме.

„Не се откажувајте од борбата“, напиша таа подолу.

Во коментарите под нејзината објава, набрзо избувна огромна дебата меѓу луѓето кои ги поддржуваат нејзините ставови и оние кои се на страната на Доналд Трамп.

Scroll to Top