Мадона изгледа добро ако има 2.700 години и е вампир што јаде живи бебиња, кометираа по нејзиното појавување на „Греми“

Обожавателите на Мадона преку социјалните мрежи ја изразија својата загриженост за пејачката откако се појави на доделувањето на Греми наградите. Мадона излезе на сцената за да ги објави Ким Петрас и Сем Смит, кои го изведоа нивниот заеднички хит Unholy награден со Греми во категоријата за најдобро поп дуо/група.

„Овде сум да им се заблагодарам на сите бунтовници кои го трасираат патот и го носат притисокот од тоа. Сите вие „проблематични“ мора да знаете дека вашата бестрашност не останува незабележана. Ве гледаат, ве слушаат, а најмногу ве ценат“, рече Мадона.

Она што го привлече вниманието на публиката е лицето на Мадона, за кое многумина веруваат дека повеќе не наликуваат на старата Мадона по бројните естетски зафати на кои таа беше подложена.

„Се обидувам да го игнорирам фактот дека Мадона има сосема ново лице“, напиша еден фан на Твитер со меме видео, друг пак искоментирал дека Мадона не личи на себе и дека има имитаторка.

„Мадона изгледа добро за своите години, ако има 2700 години и е вампир што јаде живи бебиња и мали животни“, „Дали Мадона е номинирана за „Најдобро ново лице“ на овогодинешните Греми награди?“, коментираат фановите.

Scroll to Top