Мадона на прагот на осмата деценија изгледа побрутално од кога било: Велат дека кралицата на попот е жив оган

Кралицата на поп музиката Мадона го објави новиот спот за песната “Popular”  со пејачот The Weeknd. Песната првично беше објавена како дел од серијата „The Idol“, на платформата HBO Max.

Мадона е главниот женски вокал во популарната песна, која ја доби својата екранизирана верзија речиси една година по објавувањето на песната.

Мадона изгледа подобро од било кога. На 65-годишна возраст нејзината фигура изгледа речиси совршено.

Лице, струк, нозе – се е максимално затегнато, а Мадона во нејзиниот препознатлив, модерен стил успева да се превртува преку креветот како да е спортистка во цутот на нејзината спортска кариера.

Сите кои го погледнале видеото имаат само пофални зборови за изгледот на Мадона.

Scroll to Top