Познатата пејачка Мадона неодамна откри како се чувствувала за време на индуцирана кома.
Имено, откако на крајот на јуни минатата година итно беше примена во болница поради бактериска инфекција, Мадона беше во индуцирана кома. Но, откако закрепна, 65-годишната пејачка продолжи со турнејата „Celebration“, а во еден од последните настапи се потсети на третманот.
На пауза од својот настап во Лос Анџелес, таа ги изненади присутните обожаватели со говор во кој му се заблагодари на докторот Дејвид Агус кој ја спасил. “Ова лето имав изненадување. Имав скоро смртно искуство. Да, не се шегувам. Беше доста страшно. Не знаев ништо четири дена бидејќи бев во индуцирана кома”, се сеќава таа.
Таа потоа откри дека нејзиниот прв збор по будењето бил „не“ и објасни зошто. „Прилично сум сигурна дека Бог ми рече: „Дали сакаш да дојдеш со нас? Дали сакаш да дојдеш со мене? Дали сакаш да одиш по овој пат?“. Реков: „Не. Не“, објасни Мадона.
Докторот ја советувал редовно да се сонча, бидејќи тоа ќе му помогне на црниот дроб, кој бил оштетен за време на инфекцијата, повторно да се активира. Мадона истакнува дека во тој период и било исклучително тешко. „Знам дека звучи лудо, но беше тешко и не знаев кога ќе можам повторно да станам, кога ќе можам повторно да бидам своја и кога ќе ја вратам енергијата“, додаде таа.