Магазинот People ја објави листата со имиња за личност на годината

People магазинот ја објави листата на познати имиња кои сметаат дека треба да ја добијат титулата „Личност на годината“. Оваа година жените се тие кои преовладуваат.

На неа се најдоа глумецот Метју Меконахи, Мила Кунис, Хуинита Брунсон и пејачката Џенифер Хадсон. Четирите познати лица од светската естрада во 2022 година се истакнаа со хуманитарната работа и несебичното однесување велат од магазинот.

„Кога во родниот град на Метју Меконахи се случи масовно пукање во школо каде настрадаа деветнаесет деца и двајца вработени, глумецот со сопругата Камила брзо се вратија во градот и без никаков план и стратегија почнаа да разговараат со семејствата на жртвите. Брзо увидоа колку животите на нивните деца се важни. Тие ги поттикна реформите за поседување оружје, во американскиот Конгрес и ги соопштија нивните предлози за усвојување на нацрт закон за ограничување на пристап до истото. Месец дена подоцна законот беше усвоен“, пишува People.

Хуанита Брунсон, добитничката на „Еми“ наградата, ја креираше серијата Abbott Elementary со која ги премости генерациските поделби и ги натера нејзините родители, баба и дедо да се смејат на исти шеги.

„Важно ми е да се смееме заедно. Мислам дека тоа е спирутално и лековито. Да им се донесе на луѓето момент на среќа? Тоа е дар“, рече Брунсон.

Џенифер Хадсон си ја исполни мисијата и направи нова емисија. Создаде платформа во која сите имаат место да се вклучат во живо.

„Да се создаде вакво нешто е толку едноставно, а сепак толку важно“, рече Хадсон.

Емисијата ја направи во нејзините најдобри години. Во 2022 година стана најмладата жена на светот која доби статус на добитничка на наградите EGOT, „Еми“, „Греми“, „Оскар“ и „Тони наградата“.

По почетокот на руската инвазија над Украина, Мила Кунис со пријателите почна да собира помош. На почетокот рече дека не знаела од каде да почне, но на крајот успеала да најде решение. До денес има собрано 37 милиони долари помош за бегалците.

 

Scroll to Top