Холивудските ѕвезди Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас наводно се разведуваат по 20 години брак поради големата разлика во годините, објавија светските медиуми. Тие пишуваат дека Мајкл смета дека ѝ станал здодевен на својата сопруга и дека тоа е причината за разводот.
„Љубовта што ја чувствуваа еден кон друг со години се чини дека веќе не е доволна за бракот да преживее. Главната причина за несогласувањето, предизвикано од возраста, е тоа што глумецот е во фаза во својот живот кога сака да се смири и да го забави темпото на живеење. Од друга страна, Кетрин, која е помлада 25 години, сè уште има многу сили и ја гради својата филмска кариера многу амбициозно“, рекол извор близок до двојката за американските медиуми.
Не е првпат медиумите да пишуваат дека познатата двојка се разведува, но претходно овие пишувања се покажаа неточни.
За потсетување, Кетрин и Мајкл имаат две деца, синот Дилан и ќерката Керис.