Холивудскиот глумец Мајкл Даглас на Филмскиот фестивал во Кан кој ќе се одржи овој месец ќе ја добие наградата Златна палма. Организаторите на најголемиот филмски фестивал рекоа дека Оскаровецот на 16 мај ќе ја добие наградата како признание за неговата кариера и ангажман во кинематографијата.
Тој е познат по неговите разни улоги, вклучувајќи ги и филмовите како „Синдромот Кина“, „Основен инстикт“, „Ден на лудилото“ и „ Зад канделабрите“, од кои сите беа прикажани во Кан.
„Секогаш е освежувачки да се биде во Кан. Овој фестивал отсекогаш обезбедувал прекрасна платформа за смели креатори, уметничка смелост и извонредност во раскажувањето“, рече Даглас, кој е познат и по улогата на „Волстрит“ и „Фатална привлечност“.