Кралот на поп-музиката Мајкл Џексон е на врвот на листата на магазинот „Форбс“ во категоријата најбогати починати славни личности. На ова место се наоѓа шеста година по ред. Минатата година Џексон заработил 313 милиони фунти, а од неговата смрт до денес забележал профит од 1.8 милијарди фунти. Заработувачката произлегува од продажба на лични предмети на аукција, песни, авторски права, производи што го носат неговото име и слично.
Елвис Присли е втор на листата, со заработка од 31 милион фунти, повеќето од продажба на дискографски изданија и од новиот забавен парк Elvis Presley’s Memphis.
На трето место е голф играчот Арнолд Палмер со заработка од 27 милиони фунти. Принц и Џон Ленон се на деветтото односно десеттото место со заработка од 10 и 9 милиони фунти.