Холивудскиот актер Мајкл Фокс проговори за неговата средба со принцезата Дајана од пред 35 години. Актерот во Tonight Show, кај водителот Џими Фалон, се потсетил на средбата со Дајана, за која вели дека не поминала на начин на кој тој се надевал дека ќе помине.
View this post on Instagram
Средбата се случила 1985 година, на премиерата на филмот Back to the Future во Лондон.
„Дајана седеше до мене. Светлата се изгасија, филмот почна, а јас сфатив дека сум оддалечен од принцезата за една прегратка или едно лажно зевање“, се пошегувал актерот.
View this post on Instagram
Иако вели дека вечерта почнала одлично, работите тргнале на лошо кога сфатил дека мора да отиде во тоалет.
„Филмот почна, а мене почна да ми се оди многу во тоалет. И така до кајот на филмот останав да седам. Беше мачење“, вели Фокс.
Тој објаснува дека не можел да стане да отиде во тоалет, затоа што на тој начин ќе ѝ го свртел грбот на Дајана.
View this post on Instagram
„Тоа беше агонија. Можеше да биде најдобрата вечер во мојот живот, да се дружев со Дајана, но испадна кошмар“, се присетува Фокс.
Иако од трагичната смрт на принцезата Дајана минаа 23 години, таа сѐ уште е популарна, а за нејзиниот живот се зборува до ден денес.