Макрон ѝ подари коњ на кралицата Елизабета за нејзиниот платинест јубилеј на тронот

Францускиот претседател Емануел Макрон ѝ подари коњ на кралицата Елизабета за нејзиниот платинест јубилеј на британскиот трон, оти е познато дека таа е голем љубител на коњи. Седумгодишниот Фабуло де Мокур, досега ѝ припаѓаше на француската републиканска гарда.

„Кралицата секогаш обезбедувала елемент на стабилност среде воени времиња и длабоки промени во општеството. Вие сте златна нишка која ги поврзува нашите две земји и нации овие 70 години“, кажа Макрон.

Велика Британија вчера ја почна четиридневната прослава на јубилејот на Елизабета втора. Таа се појави на балконот на Бакингемската палата за да ја проследи воена парада, а вчера не се чувствувала добро па ја пропушти службата во катедралата „Свети Павле“ во Лондон.

Scroll to Top