Mалку гламур на улиците во Њујорк: нови чевли од Сара Џесика Паркер

Глумицата Сара Џесика Паркер уште еднаш им овозможи на минувачите во Њујорк да се потсетат на Кери Бредшо од серијата „Сексот и градот“ како голема обожавателка на чевли со потпис од Маноло Бланик.

Американската актерка ја преточи својата љубов кон модата во свој бренд, а сега и со нова линија обувки за кои периодов сними и рекламна фотосесија на улиците на Менхетн. И додека повеќето нејзини колеги последниве месеци поради пандемијата на коронавирусот не ни помислуваат на носење гламурозни креации и високи потпетици, ѕвездата од серијата „Сексот и градот“ во улога на бизнисменка успеа да донесе малку гламур на улиците на градот Њујорк.

Заедно со моделот салонки таа вешто комбинира долг кардиган-фустан истакнувајќи ја ефективно виолетовата боја. Станува збор за фустан – дело на релативно непознатиот моден бренд „Ханифа“ со седиште во африканската земја Конго. Достапен е во повеќе бои.

 

 

 

 

Scroll to Top