Марадона побарал да се уапсат ќерка му и поранешната сопруга

Животот на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона, уште од моментот кога зачекори на големата сцена е микс на теленовела и реално шоу.

Најновиот развој на настаните само ја потврдува оваа констатација, пишува topsport.mk откако Марадона побарал да бидат уапсени неговата ќерка и поранешната сопруга.

Диего ги обвинува дека поранешната сопруга Клаудија Вилафање од него украла 80 милиони аргентински пезоси (3,8 милиони долари), а истите во Уругвај го „испрала“ неговата ќерка Џанина, инаку поранешна сопруга на ѕвездата на Манчестер Сити, Серхио Агуеро.

Џанина на социјалните мрежи реагирала веднаш со две емотивни пораки, во првата му порачува на својот татко и неговиот адвокат дека добро знаат каде можат да ја најдат, а во втората порачува дека нема што да му замери на својот татко бидејќи „доживеала и многу полоши работи од него“.

Scroll to Top