Мараја Кери, кралицата на Божик, најави нова празнична песна

Светската ѕвезда Мараја Кери, позната и како кралицата на Божик, најави дека ќе објави нова празнична песна. Синглот насловен Fall In Love with Christmas е во соработка со Калед и Кирк Френклин.

„Подготвени сте? Одиме!“, напиша Мараја и објави видео на Инстаграм облечена во костум на Дедо Мраз.

Мараја Кери е меѓу најпрофитабилните изведувачи на божикни евергрини. Секоја година, таа добива по неколку милиони долари од авторски права од безвременскиот хит All I Want For Christmas Is You, којшто пејачката го напиша и ја продуцираше. Од објавувањето, 1994 година, песнава ѝ донесе повеќе од 60 милиони долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mariah Carey (@mariahcarey)

Scroll to Top