Пејачката Мараја Кери се потсети на непријатното искуство што го доживеала во 2008 година, за време на снимањето на шоуто на Елен Деџенерис, кога популарната водителка ја терала да пие шампањ за пијана да признае дека е бремена.
Против Елен, која во моментов е обвинета затоа што ги малтретирала и сексуално злоупотребувала нејзините вработени во „Шоуто на Елен“, сега почнаа да се јавуваат и голем број познати личности кои се охрабрија да прозборат за непријатните ситуации во кои се нашле поради нејзиното непримерно однесување.
Една од нив е и Мараја Кери, која вели дека за време на нејзиното гостување во 2008 година, во периодот кога таа ја криела бременоста, Елен на сила сакала да открие дека е бремена.
Водителката прво ја прашала Мараја дали е бремена, а кога таа одбила да одговори, Елен ѝ понудила шампањ и ја натерала да го испие, мислејќи дека така ќе ја натера да каже.
„Не можам да верувам што ми правиш“, ѝ одговорила Мараја.
Пејчаката вели дека била вознемирена од однесувањето на Елен, која сакала да наздрави затоа што не е бремена. Елен ја притискала, по што на крајот пејачката попуштила.
По 12 години, Мараја открила дека тогаш ѝ било непријатно и дека сакала да ја зачува таа информација за себе и своето семејство.
„Не бев подготвена да му кажам на никој за моето непријатно чувство, затоа што имав спонтан абортус. Не сакам дополнително да ставам масло на огнот, но морам да кажам дека нималку не уживав во тие моменти“, изјавила пејачката.