Мараја Кери повторно ќе пее на Тајмс сквер за Нова година

Пејачката Мараја Кери и оваа година ќе пее на централната новогодишна прослава во Њујорк, на Тајмс сквер. Таа минатата година доживеа вистинско фијаско, кога пред милионската публика пееше на плејбек, но не можеше да го фати ритамот, а ги згреши и зборовите на песната.

Од организацијата велат дека Мараја веднаш прифатила кога ја контактирале за уште еден настап, но овој пат очекуваат нејзиниот настап да биде без грешка. Настапот на Кери ќе почне на 31 декември во 23:45 часот.

Scroll to Top