Марк Ентони ќе се жени по четврти пат со девојката која е три децении помлада од него

Актерот и пејач Марк Ентони и поранешен сопруг на Џенифер Лопез, по четврти пат ќе се жени. Тој се вери со девојката која е три децении помлада од него.

Тој ја запроси својата девојка, Надја Фереира, а таа на Инстаграм веднаш објави фотографија од скапоцениот веренички прстен. Мисицата неодамна го прослави својот 23 роденден, а среќната двојка редовно споделува фотографии на социјалните мрежи на кои покажува како уживаат во љубовта.

Ентони прво беше во брак со актерката и пејачка Дијана Торес Делгадо, потоа со Џенифер Лопез, а по трет пат се ожени со манекенката Шенон де Лима. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nadia Ferreira (@nadiatferreira)

Scroll to Top