Марк Руфало ќе глуми татко на Рајан Рејнолдс во научнофантастичен филм

Марк Руфало ќе го глуми таткото на ликот на Рајан Рејнолдс во нов научнофантастичен филм на Нетфликс. Филмот со работен наслов „Проектот Адам“ (The Adam Project) и со приказна околу времепловот, сѐ уште е во претпродукција.

Се раскажува за човек што мора да патува низ времето за да се посоветува со себеси кога имал 13 години. Режисер е Шон Ливај, а сценаристи – Џонатан Тропер и ТС Наулин.

Во филмот ќе глумат и Зои Сладана, Кетрин Кинер, но и Џенифер Гарнер, која пред 16 години глумеше во „Од 13 на 30 години“ – филм со слична содржина.

Scroll to Top