Холивудскиот глумец Марк Волберг (49) вели дека ќе мора да се здебели најмалку 13 килограми, во наредните шест недели, за новата улога во фимот „Отец Сту“. Во филмот тој глуми боксер кој подоцна ќе стане свештеник.
„Откако ќе ги снимиме сцените со боксот, ќе треба поприлично да се здебелам во текот на филмот, барем 13 килограми. Тие сакаат да го сторам тоа што е можно поздраво, а јас веќе долго сум на таков режим, сакам да јадам сè што е на повидок“, изјавил Волберг.
На глумецот ова не му е прв филм да глуми боксер. Тој претходно го играше легендарниот Мики Вард Ирецот во филмот The Fighter. Марк, кој е познат по тоа што е фитнес-фанатик, призна дека едвај чека да му се препушти на јадењето во наредните недели.