Маж ми ме малтерира и е лош со мене, само за ова слушам откако се омажив, вели Хајли за бракот со Џастин Бибер

Манекенка Хејли Бибер откри детали од бракот со канадскиот пејач Џастин Бибер. Таа во интервју кај Деми Ловато ги негираше шпекулациите и рече дека тоа биле само приказни дека тој ја малтретирал и дека имало големи проблеми во нивниот брак.

Манекенката откри дека во јавноста веќе некое време се зборува за нив дека не се во најдобри односи, а некои нивни пријатели дури им предвидувале крај на бракот.

„Многу лоши работи се зборуваа за мене и Џастин. Дека тој се однесувал лошо кон мене, дека ме малтретирал, но вистината е сосема поинаква. Со задоволство можам да кажам дека тој е човек кој ме почитува и со кој секој ден сакам да го запамтам. Па така кога ќе прочитам нешто лошо за него ме изненадува“, рече Хејли и призна дека како и во секој брак и тие имаат проблеми.

„Имаше проблеми, особено на почетокот. Бев изгубена. Инаку, верувам дека како и јас така и тој верува во мене. Засега добро ни оди“, рече манекенката.

За потсетување, Џастин и Хејли почнаа да се забавуваат во 2016 година. Едно време се разделија, а од 2018 пак се заедно. Се венчаа на 13 септември во 2018 година во Њујорк, а подоцна на 30 септември направија традиционална свадбена церемонија во Јужна Каролина.

 

 

Scroll to Top