Маж провалил во станот на раперот Дрејк, тврдел дека му е син

Непознат маж провалил во станот на американскиот рапер Дрејк. Тој тврдел дека бил негов син. Тој провалил во неговата вила во Беверли Хилс додека пејачот не бил дома. Го забележал еден од вработените покрај базенот и веднаш повикал полиција.

Иако тврдел дека има право да биде на имотот на неговиот татко, веднаш бил уапсен. Полицијата не ги открива деталите од случајот. Дрејк во моментов е во Шведска, каде што и самиот има проблем со полицијата. Пејачот бил уапсен поради поседување марихуана.

Тој во неделата објави документ дека бил притворен, но не и уапсен. Неговиот тим ги негираше сите информации дека пејачот бил уапсен поради поседување марихуана. За потсетување, Дрејк вилата во Беверли Хилс ја купи пред неколку месеци од британскиот пејач Роби Вилијамс.

 

 

Scroll to Top