Легендарниот британски музичар Фил Колинс вели дека едвај може да ги држи тапанарските палки поради нарушеното здравје. Вели дека е принуден да седи додека пее на настапите во живо. Во интервјуто за Би-би-си седумдесетгодишниот Колинс раскажа дека го фрустрираат предизвиците со кои се соочува. На него му беше опериран грбот во 2009 и 2015 година, што му се одразило на нервите, но тој исто така е дијабетичар и тоа е дополнителен проблем.
„Се соочувам со многу физички тешкотии и тоа многу ме фрустрира, зашто многу сакам да сум на сцена. Едвај можам да држам палки“, рече Колинс во пресрет на повратничката турнеја на неговиот бенд „Џенезис“.
Тоа ќе бидат првите настапи на бедот по 14 години пауза, а Колинс на тапаните ќе го менува синот Ник.
Фил Колинс во 80-тиите имаше успешна соло кариера со голем број хитови. Се пензионираше од музиката во 2011, но се врати на сцена шест години подоцна. За претстојната турнеја на „Џенезис“ велид дека како проштална. „Па ние сите ние сме веќе сме стари луѓе и мислам дека со ова ја ставаме групата на спиење“, вели познатиот музичар. .