Холивудската глумица Шерон Стоун во своите мемоари The Beauty of Livin Twice, открила за големиот број незгодни ситуации во кои се нашла за време на нејзината кариера. Таа откри и за филмот „Основен инстинкт“, во култната сцена „Сурови страсти“, за која вели дека била измамена.
„Ме излажаа да ги соблечам гаќичките за да може да ја снимиме култната сцена со прекрстените нозе“, напишала таа и објаснила дека и било кажано дека ништо нема да се види на екранот.
„Ми кажаа да ги соблечам гаќичките бидејќи белата боја рефлектирала светлина“, напишала таа.
Откако го изгледале филмот глумицата открива дека му удрила шлаканица на режисерот Пол Верховен, а потоа го побарала нејзиниот адвокат Марти Сингер, кој и објаснил дека сè е законски.
„Пол ми кажа дека немам избор, но, јас знаев дека не е така. На крајот сепак решив да дозволам да се пушти сцената во филмот“, открива Шерон.