Меган Маркл наводно веќе го добила својот подарок за Денот на вљубените. Според британските медиуми, Хари и подарил дијамантски обетки за Денот на вљубените кои се продаваат за 3.600 долари (3.460 евра).
Според Дејли Мејл, станува збор за обетки Diamond Cascade, создадени од дизајнерката на накит Маја Бренер. Тие се достапни во три варијанти на веб-страницата на брендот. Можете да купите и само една обетка, која чини 1.800 долари (1.730 евра).
Меган и претходно носеше накит од овој бренд – во 2017 година беше фотографирана како носи ланче со буквите Х и М. Бренер, тогаш за магазинот Hello! признала дека се плашела дека тоа ќе предизвика лавина од нарачки.
„Тоа е како машина во Лас Вегас, ја повлекуваш рачката и сè почнува да се врти. Веќе можев да видам куп нарачки кои влегуваат. Бев возбудена што го носеше мојот накит, но бев и претпазлива. Правиме сè рачно и знаев дека не можам да ги преземам сите тие нарачки бидејќи можеби нема да можам да ги исполнам“, рече таа.