Меган Фокс и Машин Кели во костими од 80-тите на роденден кај Бијонсе

Меган Фокс и нејзиниот партнер Машин Ган Кели присуствуваа на роденденската забава организирана од поп дивата Бијонсе по повод нејзиниот 41. роденден.

Бијонсе се погрижила нејзината забава да биде повеќе од само формална роденденска прослава. Спектакуларната забава била тематски одредена – познатите ѕвезди морале да бидат облечени како да одат на диско забава со ролери.

Покрај Адел, Бела Хадид, Ким Кардашијан, Зендаја и многу други, големо внимание на фотографите привлекоа актерката Меган Фокс и нејзиниот партнер раперот Машин Ган Кели. Тие се појавија во блескави комбинации, Меган беше облечена во тесни шорцови со светки, бели чорапи до над колена и високи потпетици.

Твитерџиите коментираа за парот, но и за нивниот аутфит „Зошто се воопшто заедно?“, „Никогаш не ми се допадна Меган“, „Не ми се верува дека беа на забава“, беа само дел од коментарите.

Да потсетиме дека Меган Фокс и Машин Кели започнаа врска пред две години и двајцата признаа дека никогаш во животот не доживеале таква љубов.

„Првиот пат навистина се заљубив. Никогаш не сум била навистина посветена на љубовта колку што сум сега. Не ни верував дека нешто толку силно може да постои“, вели Меган Фокс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Fox (@meganfox)

Scroll to Top