Меган Маркл го отпуштила својот адвокат Давид Шерборне поради Џони Деп, пренесуваат светските медиуми. Глумицата не го сакала Давид, затоа што во исто време го бранел и холивудскиот актер.
Џони Деп во моментов води судски спор со неговата поранешна партнерка Амбер Херд, која го обвини за семејно насилство. Меган смета дека нејзиниот адвокатот бил премногу фокусиран на случајот на холивудскиот актер.
Таа е и пријателка со Амбер и целосно ја поддржува во судскиот спор. Меган во моментов има покренато тужба против групацијата Associated Newspapers Limited, која стои зад британскиот таблоид „Дејли мејл“ и уште неколку медиуми.
Таа ги тужи поради објавените писма кои таа му ги испратила на нејзиниот татко Томас. Војвотката бара оштета поради злоупотреба на притавни информации и кршење на човекови права. Таблоидот ги негира сите вакви обвинувања.
Спорот сигурно ќе трае уште некое време, а главната расправа за овој процес е закажана за 11 јануари 2021 година, пренесуваат медиумите..