Меган Маркл и нејзиниот сопруг Хари чекаат второ дете, пренесуваат светските таблоиди. Двојката била видена во близина на една приватна клиника во Лос Анџелес, каде што Меган имала закажано термин.
Двојката која годинава се откажа од кралските должности и привилегии за кратко се пресели во Канада, од каде замина во Лос Анџелес. Долго време беа изолирани во нивниот дом, поради пандемијата со коронавирусот.
Засега глумицата се нема огласено по повод новите шпекулации дека по вторпат ќе стане мајка, но американските таблоиди се сè повеќе убедени дека нејзиниот син Арчи наскоро ќе стане постар брат.