Меган Маркл и принцот Хари веќе го знаат полот на второто дете и многу е веројатно дека нема да му дадат традиционално британско име, тврди кралската експертка Ингрид Сиворд.
Ингрид додава дека кралскиот пар сигурно се опуштил околу имињата на своите деца откако лани се повлекоа од сите кралски должности и се преселија во Лос Анџелес.
„Ова е во стилот на Лос Анџелес каде што живеат сега. Сигурен сум дека детето нема да има традиционално британско име, туку викторијанско име. Ако добијат син, ќе го викаат Редмонд, Блу или Греј и ако добијат ќерка ќе ја нарекуваат Дејзи, Прајмроуз, Вајолет или Ајви. Сепак, не би била изненадена ако детето се вика Дијана“, вели кралската експертка.
Многу странски медиуми претпоставуваат дека Меган ќе направи поголема забава за своето второ дете од онаа што ја подготвија нејзините пријатели кога беше бремена со Арчи. Таа веќе не е официјален член на кралското семејство и нејзиниот животен стил е различен од оној што го водеше пред неколку години.
Меган и Хари моментално живеат во Монтесито, Калифорнија, а на Денот на вљубените, месецов, објавија дека Арчи ќе добие брат или сестра.
Меган и Хари на 7. март ќе гостуваат во шоуто на Опра Винфри, каде што ќе ги откријат деталите зошто се откажаа од кралските титули и го напуштија Лондон.