Меган и Хари нема да го поминат Божик со кралското семејство

Принцот Хари и Меган Маркл нема да ги поминат божикните празници со кралското семејство во Британија. Двојката, заедно со синот Арчи, Божик ќе го прослави на нивниот имот во Калифорнија, пренесува „Венити фер“.

Извори блиски до кралското семејство тврдат дека кралицата Елизабета е многу разочарана од нивната одлука да останат во Америка, особено што правнукот Арчи го нема видено цела година.

Според магазинот, Хари и Меган поради ковид-кризата немаат намера во скоро време да одат во Европа. Инаку, ова ќе биде втор Божик што тие нема да го поминат со целото кралско семејство, откако и лани поради кризата, членовите на семејството беа раздвоени.

Scroll to Top