Меган и Хари во шоуто на Опра ќе откријат зошто си отидоа од кралското семејство

Војводата и војвотката од Сасекс јавно ќе проговорат за својата одлука да ја напуштат монархијата во ТВ-интервју што ќе го води нивната блиска пријателка Опра Винфри.

Интервјуто со наслов „Опра со Меган и Хари: Си-би-ес прајмтајм спешл“ е опишано од американската телевизиска мрежа како интимен разговор со кралската двојка, што ќе се емитува во ударен термин на 7 март.

Одлуката за ваков разговор доаѓа нешто повеќе од една година откако Меган и Хари објавија дека решиле да го напуштат кралскиот живот и дека сакаат да работат за да станат финансиски независни. Тие ги извршија своите последни официјални кралски должности минатиот март.

Не е познато дали Хари и Меган го известиле кралското семејство за своите планови за интервју. Бакингемската палата одби да коментира. Исто така, не е познато кој радиодифузер ќе го прикаже интервјуто во Велика Британија.

Хари и Меган се венчаа во замокот Виндзор во мај 2018 година, а Опра беше гостинка на венчавката.

Scroll to Top