Иако нагласиja дека не сакаат подароци за свадбата, војводата и војвотката од Сасек добиле многу, па како што велат, сега сакаат да ги вратат.
Принцот Хари и Меган Маркл, сакаат да вратат подароци во вредност од речиси шест милиони евра, бидејќи, како што велат, не можат да прифатат подароци од луѓе што не ги познаваат лично. Тие, исто така, сакаат да ги избегнат компаниите кои ја икористиле нивната свадба за рекламирање и комерцијални профити.
Пред свадбата, двојката побара донации во добротворни организации наместо подароци.
Пар на коали именувани Меган и Хари, од австралискиот регион на Нов Јужен Велс се наоѓаат меѓу официјалните свадбени подароци кои принцот Хари и неговата сопруга би можеле да ги задржат, а ќе бидат сместени во зоолошката градина Таронга во Сиднеј.
Инаку, војводата и војвотката од Сасекс, цвеќињата од свадбата ги подариле за болниците ширум Велика Британија.
Свадбениот букет кој Меган го носеше завршил на гробишта, а традицијата врз онсова на која по кралската свадба цвеќиња се испраќаат на Вестминстерските гробишта, поточно на гробот на непознатиот борец, ја вовела кралицата Елизабета по нејзината свадба во 1923 година со кралот Џорџ Шести, во спомен на нејзиниот брат Фергус кој починал во 1915 година во Првата светска војна.
Принцот Хари и Меган Маркл се венчаа на 19 април во капелата Сент Џорџ во Виндзор.