Меган Маркл, војвотката од Сасекс, е нарцис кој контролира и доминира над слабиот принц Хари, според биографот на британското кралско семејство, Сали Бедел Смит.
Во својата нова книга „Џорџ VI и Елизабет: Бракот што ја спаси монархијата“, Бедел Смит ја спореди Меган со Американката Волис Смит, која го натера кралот Едвард VIII да абдицира во 1936 година бидејќи не можеше да се ожени со двапати разведената Смит, пишува Тајмс.
Едвард потоа беше наследен од Џорџ Шести, татко на кралицата Елизабета Втора, а кралското семејство никогаш не му прости за неговата абдикација, што, според Бедел Смит, тие го сметаа за предавство.
Авторот ги споредил ситуациите на кралевите Едвард и Џорџ со несогласувањата меѓу принцот Вилијам и принцот Хари и истакнал дека и во двата случаи „се појавила Американка која ја променила динамиката“. Меган наводно се судрила со Вилијам откако се омажила за Хари во 2018 година.
„Во некои аспекти, Меган и војвотката од Виндзор, Волис Смит, имаат слични квалитети: многу нарцисоидни, контролирачки и доминантни. И ако ги прочитате писмата на Дејвид (Едвард) до неговата претходна љубовница, можете да видите колку е слаб и колку му требаше доминантна жена, а Хари е донекаде ист“, тврди Бедел Смит.
Тајмс пишува дека врската меѓу Вилијам и Хари е сериозно затегната откако тие наводно одбиле да се појават заедно на церемонијата на доделување награди во чест на принцезата Дијана минатата недела. Џорџ и Едвард, како Вилијам и Хари, беа блиски извесно време, но односите меѓу нив се заладија по абдикацијата и наводното поврзување на Едвард и Волис со нацистите, вели биографот.
„Поинаку е. Хари никогаш нема да биде крал. Но, мислам дека има слични чувства на предавство кои водат до тоа Вилијам да биде особено лут на својот брат, и тоа со добра причина“, вели американската авторка.