Меган Маркл открива како го прославила својот 44-ти роденден: „Ви благодарам за прекрасните 24 часа“

Отокога се врати на Инстаграм на 1 јануари оваа година, Меган Маркл објавува повеќе детали од својот приватен живот отколку порано, секогаш посветувајќи барем една објава на важни датуми во животот на нејзиното семејство. Овој пат, таа објави за својот роденден и покажа како го прославила.

Таа објави фотографија од себе како ги дува свеќите на торта украсена со жолт хибискус и додаде емотивна благодарност. „Ги гасам свеќите по прекрасни 24 часа и им се заблагодарувам на мојот сопруг, пријателите и семејството што го направија тоа толку посебно. На оние од вас кои не ги познавам лично, но кои испраќаат љубов секој ден – ви благодарам од дното на моето срце. Знајте дека го чувствувам тоа и многу го ценам“, напиша таа.

Таа ја продолжи објавата заблагодарувајќи им се на персоналот во ресторанот во Беверли Хилс, особено истакнувајќи го готвачот Еван Фанке. „И да бидеме малку foodie: Синоќешната вечера беше меѓу петте најдобри оброци во мојот живот. Неверојатно искуство. Ви благодарам за прекрасната вечер“, додаде таа.

Меган, исто така, ја искористи прославата на својот роденден како можност да го промовира својот бренд As Ever, претставувајќи нова етикета на розе вино од долината Напа, берба 2024. Таа објави видео на својата стори на Инстаграм во кое отвори шише и наздрави со зборовите: „Првото шише е отворено! На здравје за прекрасен ден. Нашето розе вино од Напа сега е достапно на As Ever.“

Scroll to Top