Американската глумица Меган Маркл, сопругата на Хари, сака да се породи во нивниот дом во вилата во Калифорнија. Повикувајќи се на добро известен извор, „Дејли мејл“ пишува дека поранешната војовотка планира да се породи во вилата вредна 14,6 милиони долари.
Таа треба да се породи ова лето.
„Меган и Хари имаат преубава вила и заеднички одлучија таа да се породи дома“, вели изворот, кој сакал да остане анонимен.
Двојката очекува девојче. Тие веќе го имаат синот Арчи. Доколку Меган се породи во САД, бебето автоматски ќе добие американско државјанство. Преку таткото тоа ќе има и британско државјанство. Во иднина, доколку сака, ќе може и да се кандидира за претседател на САД.
Меган планирала и Арчи да го роди во нивниот дом во Велика Британија, но бебето се роди неколку недели пред планираниот термин.