Таткото на војвотката Меган Маркл, Томас, за медиумите изјавил дека бил погоден од односот на неговата ќерка и тоа што не бил поканет на крштевката на неговиот внук принцот Арчи, пишува „Дејли мејл“.
Томас се пожали дека ако добиел покана со сигурност ќе присуствувал на крштевката, затоа што и тој од детството бил член на Англиканската црква.
Томас вели дека ова не е првпат да не присуствува на важни настани на неговото семејство. Американецот вели дека бил погоден од тоа што и претходно не бил поканет на венчавката на Меган со принцот Хари. Томас вели дека изгубил секаков контакт со неговата ќерка.
„Станав министрант на 12-годишна возраст, Арчи е мој внук, па логично е дека би уживал во тоа да бидам присутен на крштевката и да му посакам среќа и благослов во животот“, објаснил Томас.
Крштевката на Арчи се случи во сабота во приватната капела на кралицата Елизабета во дворецот Виндзор. На крштевката присуствувале само најблиските пријатели и членови на семејството.
Кралицата Елизабета II не била најавена на овој настан, а ја нема ни на објавените фотографии. Како што пренесуваат британските медиуми, до ваквата ситуација дошло поради лошата организација.
Наместо на крштевката, кралицата Елизабета со сопругот, принцот Филип, отпатува во Шкотска за да ги погледне новите коњи кои се ождребиле оваа година.
За разлика од кралицата, на крштевката присуствуваа мајката на Меган со принцот Чарлс, Камила, Кејт и Вилијам, двете сестри на покојната принцеза Дајана, Лејди Џејн и Сара.