Американската актерка Меган Маркл има желба да влезе во политиката, пишуваат светските медиуми. Тие пишуваат дека кај неа се разбудила желбата за политичка кариера и убедена е дека нејзината мисија во животот е многу поголема од тоа да биде само актерка.
Меган за таа цел ја вработила и Женевив Рот, директорката за креативен ангажман за претседателската кампања на Хилари Клинтон од 2016 година.
Откако ја напуштила кампањата на Клинтон, Женевив основала агенција за социјално влијание „Невидлива рака“, која сега започна соработка со фондацијата „Арчвел“, која ја водат Хари и Меган. Од агенцијата објавиле дека почнале со заедничката соработка оваа година.
Нивната мисија е раздвижување на системските промени во културата во сите заедници во општеството. Хари и Меган влегоа во политичка расправа за време на американските претседателски избори. Тие не поддржаа никого од кандидатите, туку само ги охрабрија сите да излезат на гласање.
Меган тогаш изјави дека тоа им се најважните избори во нивниот жвот. Демократскиот стратег Мајк Трујило изјавил дека фондацијата „Арчвел“ би можела да послужи како отскочна штица за кандидатурата на Меган, споредувајќи ја ситуацијата со актерот и републиканскиот гувернер Арнолд Шварценегер.