Меланија ја следат 10 милиони луѓе на „Твитер“, а таа само пет

Познатите личности на „Твитер“ ги следат огромен број луѓе, но многумина од славните се исклучително скржави кога е во прашање возвраќањето.

Едно од тие лица е првата дама на САД, Меланија Трамп.

Додека неа ја следат 9 милиони лица, таа се интересира само за пет.

Од тие пет профила, два се на нејзиниот сопруг, претседателот Доналд Трамп, а преостанатите два на потпретседателот Мајк Пенс и сопругата Карен.

Петтиот профил му припаѓа на претходниот лидер на САД, Барак Обама!

Никому не му е јасно зошто од сите личности на „Твитер“ Меланија појавила интерес да чита тоа што објавува Обама.

Британски „Индепендент“ смета дека профилот на Обама всушност ѝ припаѓа на неговата сопруга Мишел Обама, но тој го презеде по истекот на неговиот мандат.

Меланија и на „Инстаграм“ ги следи профилите само на Доналд Трамп и Белата куќа.

 

 

Scroll to Top