Меланија на аукција ќе го продава својот бел шешир, почетната цена е 250.000 долари

Поранешната американска прва дама, Меланија Трамп, објави дека ќе организира аукција на која ќе го продаде својот познат бел шешир.

Таа го носеше шеширот за време на посетата на францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Бриџит, во Белата куќа, во 2018 година, пренесува „Си-ен-ен“.

На аукцијата ќе биде понуден и акверал од францускиот уметник Марк Ентони Колон, кој ги прикажува очите на Меланија и кој е користен за потребите на нејзината NFT платформа, е наведено во соопштението од нејзината канцеларија.

За потсетување, Меланија минатиот месец најави дека ќе започне со основање на нејзина NFT no-fungible token платформа. Тогаш таа ја претстави нејзината прва понуда за сликата.

Незаменливите токени или NFT се феномен базиран на криптотехнологија која станува мејнстрим, а најчесто се работи за уникатни дигитални предмети.

Од канцелаирјата на Меланија порачуваат дека аукцијата ќе биде дел од нејзината иницијатива Be Best, a одреден износ ќе биде дониран за стипендирање на работа со компјутери на деца кои во моментот кога ќе станат полнолетни ќе мораат да ја напуштат хранителската заедница. Таа не појасни за колкав износ станува збор.

Главниот предмет на аукцијата ќе биде нејзиниот бел шешир, потпишан од неа, а кој посебно го изработи нејзиниот стилист Херв Пиер, за да одговара со нејзиното бело одело од брендот на Михаел Корс. Ова одело Меланија го носеше за време на посетата на Макрон.

Предметите ќе бидат понудени со почетна цена од 250.000 долари, односно 1416 SOL-a криптовалути. Аукцијата ќе се одржи од 11 до 25 јануари и предметите ќе можат да се купуваат само со криптовалути.

 

Scroll to Top