Меланија на вечера во фустан од 7000 долари

Првата дама на САД многумина ја сметаат за модна икона, а што и да облече Меланија Трамп веднаш се распродава. Тоа се случи и со жолтиот фустан, креација на  францускиот дизајнер Ж Мандел, што таа го носеше на вчерашната вечера со британската премиерка, Тереза Меј. Фустанот чини 7000 долари и е од колекцијата пролет-лето на францускиот дизајнер..

Светските стилисти и овој пат го пофалија изгледот на Меланија. Некои првата дама ја споредија со Бел од анимираниот филм „Убавицата и ѕверот“, а други рекоа дека Меланија е модерна верзија на римска божица.

Scroll to Top