Меланија Трамп одлучи да го прекине молкот и да стави точка на приказните за својот брак и наводното неверство на нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, со порноактерката Сторми Даниелс.
Во последните недели на големо се пишува и раскажува за сексуалната врска меѓу Трамп и порноактерката Стефани Клофорд, позната како Сторми Даниелс.
Нејзината портпаролка Стефани Гришам во петокот го критикува изнесувањето на валканиците и лажното известување на медиумите за Доналд Трамп.
BREAKING:The laundry list of salacious & flat-out false reporting about Mrs. Trump by tabloid publications & TV shows has seeped into “main stream media” reporting. She is focused on her family & role as FLOTUS – not the unrealistic scenarios being peddled daily by the fake news.
— Stephanie Grisham (@StephGrisham45) 26 January 2018
Во својот твит Гришам додала дека Меланија е фокусирана на семејството и на својата улога на прва дама, а не на нереалните сценарија и секојдневното пласирање лажни вести.
Ова следуваше кога американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли, ја негира врската на порноактерката со Трамп, пренесува theguardian.com.
Во меѓувреме е потврдено дека порноактерката Сторми Даниелс се појавила во емисијата на Џими Кимел во вторникот минатата недела.
Истата вечер бил емитуван говорот на Трамп за состојбата на американската нација. Тоа е годишно обраќање на американскиот претседател на заедничката седница на двата дома (Сенатот и Домот на претставниците), која редовно се одржува во јануари.
I am pleased to announce that the very gifted @StormyDaniels will be on #Kimmel Tuesday 1/30 after the #StateOfTheUnion. I have MANY QUESTIONS! #MAGA
— Jimmy Kimmel (@jimmykimmel) 26 January 2018
Таа исто така одбила со својот сопруг да отпатува во Давос на Светскиот економски форум. Во четвртокот го посетила Меморијалниот музеј на холокаустот во Вашингтон пред Меѓународниот ден на сеќавања на холокаустот.
Приказната за Сторми Даниелс почна кога американските медиуми објавија дека адвокатот на Трамп ѝ платил 130.000 долари минатата година во пресрет на претседателските избори да молчи за наводната афера.
Thank you @HolocaustMuseum for a powerful & moving tour that honors the millions of innocent lives lost, and educates us on the tragedies and effects of the holocaust. #WeRemember #AskWhy pic.twitter.com/za8MN6pKRZ
— Melania Trump (@FLOTUS) 25 January 2018
Гледајте го видеото со посетата на Меланија на Меморијалниот музеј: