Меланија сака божиќните празници да ги мине на пуст остров

By

Првата дама на САД Меланија Трамп изјави дека кога би можела да бира каде да ги помине празниците со семејството, таа би ги поминала на пуст остров.

dobivaj vesti na viber

Таа својата желба ја откри во текот на божиќната посета на пациенти и персоналот на детската болница во Вашингтон, продолжувајќи ја традицијата која пред повеќе од 60 години ја започна тогашната прва дама Бес Труман, пренесува АП.

Додека одоговарала на прашањата на пациентите, сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, едно десет годишно момче ја прашало каде би ги поминала празниците ако би можела да го одбере било кое место во светот.

Нејзиниот одговор дека тоа би можело да биде на пуст тропски остров како дестинација, наиде на големо смеење кај присутните.

Инаку, како што е предвидено, Меланија и Доналд Трамо, престојните празници ќе ги поминат на својот имот во Палм Бич на Флорида.

Меланија Трамо исто така, во моментите на обиколување на детската болница, на малите пациенти им ја прочита книгата „Полар експрес“.

 

Ќе ви се допадне