Во ексклузивно интервју за Сандеј Тајмс, Мелинда Френч Гејтс, која ги одбројува деновите до објавувањето на нејзината книга The Next Day, откри детали за распадот на нејзиниот брак со Бил Гејтс, кој официјално заврши во 2021 година. Според неа, пресвртниот момент дошол во 2019 година, откако Њујорк Тајмс објави статија за поврзаноста на Бил со осудениот сексуален предатор Џефри Епстејн.
„Написот покрена сериозни прашања во врска со однесувањето на Бил – прашања кои сугерираат дека тој го предал не само нашиот брак, туку и нашите вредности“, напиша Мелинда во својата книга, нарекувајќи го Епстејн „отелотворено зло“.
„И покрај подоцнежните обиди на Бил да се дистанцира од Епстејн, штетата веќе беше направена. Тоа беше нешто што беше неопходно“, рече Мелинда за разводот.
На прашањето за изјавата на Бил дека разводот е најголемата грешка во неговиот живот, Мелинда ладно одговорила: „Навистина не знам што да мислам за таа изјава. Затоа нема да коментирам што вели тој“.
За потсетување, и Бил Гејтс неодамна проговори за нивниот развод и откри како се чувствува за сето тоа.
„Малку сум повесел“, изјави тој во интервју за „Тајмс“. И покрај тоа, тој го опиша разводот како една од најголемите грешки во неговиот живот. „Има повеќе, но ништо не е важно. Разводот беше болен за Мелинда и мене најмалку две години“, истакна тој.