Најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси заљубен е во неговата сопруга Антонела уште од средно училиште. Тие се запознале кога тој имал само пет години, а постојат приказни дека Лео сакал таа да му биде сопруга на девет години и дека често и пишувал љубовни писма.
За разлика од многу други сопруги на фудбалери, Антонела се труди што повеќе да ги избегнува медиумите и јавноста. Меси првпат ја претстави на јавноста во 2008 година, а тогаш привлече големо внимание. Сепак, таа остана самостојна и детали за нивниот приватен живот открива само на Инстаграм, каде во последно време е се поактивна.
Студирала стоматологија, но ги прекинала студиите за да се посвети на комуникологијата. На крајот се откажала и се посветила на манекенството.
Меси и убавата Аргентинка имаат заедно три сина. Најстариот Тиаго е роден во 2012 година, а три години подоцна се роди Матео. Во 2018 година го добија и третиот син Чиро.
Тие се венчаа во 2017 година во родното Росарио. Најголем дел од играчите на Барселона се најдоа на списокот на гости на гламурозната венчавка, а вкупно имаше околу 260 гости. Настанот го обезбедуваа стотици полицајци и обезбедувачи во хотелот, а 150 новинари беа акредитирани за специјалната прес-зона. Но, новинарите немаа пристап до целиот простор.
Големо внимание на јавноста привлече и тоа што Меси побара од гостите да не носат подароци, туку ако можат, парите да ги уплатат на сметката на неговата фондација за помош на децата. По венчавката Меси и посвети специјална тетоважа на сопругата, ги истетовирал усните на Антонела на неговото тело.